Ристовски во тимот на колото во ЛШ
- Македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски е избран во најдобриот тим за третото коло од Лигата на шампионите.

Загреб, 24 октомври 2024 (МИА) - Македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски е избран во најдобриот тим за третото коло од Лигата на шампионите.
Десниот бек на Динамо Загреб беше избран за најдобар на натпреварот против Салцбург, откако беше двоен асистент за хрватскиот тим во триумфот од 0-2.
Ристовски запиша асистенции за головите на Сандро Куленовиќ во 49-тата минута и Бруно Петковиќ во 84-тата минута. дс
Фото: Архива/Фејсбук