• петок, 21 февруари 2025

Рио де Жанеиро зафатен од топлотен бран

Рио де Жанеиро зафатен од топлотен бран

Бразилија, 20 февруари 2025 (МИА) – Во Рио де Жанеиро вчера се измерени приближно 40 степени Целзиусови, а во западниот дел на градот регистрирани се 44 степени, што е највисока температура од 2014 година.

Вчера беше најтоплиот ден оваа лето во Бразил.

Цивилната одбрана издаде предупредување до жителите на Рио де Жанеиро и туристите, советувајќи ги да преземат мерки на претпазливост во екстремни услови.

Градските власти соопштија дека е достигнато четвртото ниво на предупредување за топлина, а петто е максималното ниво. Како одговор на високите температури, во градот се отворени голем број пунктови за ладење и хидратација. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан