• петок, 05 декември 2025

Ризов: ХМС „Тиквеш“ е стар половина век, обезбедивме вода за наводнување, имаме приоритети 

Ризов: ХМС „Тиквеш“ е стар половина век, обезбедивме вода за наводнување, имаме приоритети 

Кавадарци, 20 август 2025 (МИА) - Хидромелиоративниот систем (ХМЦ) „Тиквеш“ е стар половина век, но и покрај тоа обезбедивме доволно вода за наводнување на земјоделските култури во пет општини во тиквешкиот регион, имаме зацртани приоритети за уште поголема успешност во работењето во служба на земјоделците. Ова го истакна во изјава за МИА, Атанас Ризов, директор на подружницата „Тиквеш“, на АД Водостопанство. 

- Имаме неколку најкритични точки, таму се нашите приоритети, мораме да реагираме најбрзо што можеме, за да имаме максимална можна ефикасност во работењето, посочи Ризов. 

Како прво, додаде, една од нивните цели, е комплетна реконструкција на каналот за наводнување К 2, од кој се наводнуваат земјоделските површини во Кавадарци и во атарот на кавадаречкото село Ваташа. Втор приоритет им е, комплетна реконструкција на изливен канал од пумпа Марена горна зона, од која се наводнуваат имотите на земјоделците од ова село во општина Кавадарци, до неготинско Дисан. Меѓу приоритетите е и реконструкцијата на дел од неготинскиот десен магистрален канал. 

- ХМС „Тиквеш“ има постоечки 220 километри отворена и 30 илјади километри затворена водоводна линија. За овие пет децении, извршени се само помали реконструкции низ времето, подвлече Ризов. 

Тоа се, рече тој, приоритетните планови за чие остварување ќе се залагаат во наредниот период. Имало и неколку други клучни проектни активности што требало да се реализираат. Изработка на проект за реконструкција  на канал 37, неготински лев магистрален, како и изработка на физибилити студија за намалување на трошоци за електрична енергија, при користење на водни пумпи и полесно регулирање на количината на проток на вода за наводнување низ цевководот. 

Секако, имало и други зацртани инвестиции, меѓу кои реконструкција на сифони и слично. 

Од овој канал, вода за наводнување добиваат земјоделските култури во општините Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско. свд/вј/


Фото : МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан