• понеделник, 23 декември 2024

Ривс: Наследивме многу лоша состојба во британската економија

Ривс: Наследивме многу лоша состојба во британската економија

Лондон, 8 јули 2024 (МИА) - Новата британска министерка за јавни финансии од редовите на лабуристите, Рејчел Ривс, денеска изјави дека трошењето на претходната влада, колку што можела да забележи во првите 72 часа на новата функција, ги потврдува нејзините очекувања дека економската состојба е лоша.

„Постојано предупредував дека кој и да победи на овие избори ќе ги наследи најлошите околности од Втората светска војна“, рече Ривс. Таа истакна дека британската економија е забавена поради одложените и избегнати одлуки.  

„Политичкиот интерес беше ставен пред националниот интерес. Владата се стави себеси на прво место, а земјата на второ место“, рече Ривс. 

Таа побарала од претставниците на Министерството да и дадат податоци за проценката на наследената состојба за да за да знае со што се соочува, додавајќи дека за тоа ќе го информира Парламентот пред летните одмори.

Според неа, новата Влада сега треба да го надомести пропуштеното и да постави нови темели. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан