• среда, 15 мај 2024

Риверс за 52 поени на Ембид со Бостон: Трката за МВП е завршена

Риверс за 52 поени на Ембид со Бостон: Трката за МВП е завршена

Филаделфија, 5 април 2023 (МИА) - Тренерот на Филаделфија, Док Риверс, смета дека неговиот играч Џоел Ембид го затворил прашањето кој треба да ја добие наградата за МВП на сезоната со својот настап ноќеска на мечот со Бостон (103:101).

 

Ембид натпреварот го заврши со 52 поена, 13 асистенции и шест скока за 38,5 минути поминати на теренот.

 

-Трката за МВП заврши. Овој човек сам постигна половина од поените на целиот наш тим. Точно е дека јас сум пристрасен. Но, трката за МВП е завршена, изјави Риверс.

 

Главен конкурент на Ембид во трката за награда најуспешен кошаркар во основниот дел од сезоната во НБА-лигата е Србинот Никола Јокиќ од Деневер нагетс. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан