Риверс за ситуацијата со Симонс: Оставив сè во минатото
- Тренерот на Филаделфија, Док Риверс, не сака да се потсетува на ситуацијата со Бен Симонс, бидејќи сега е играч на друг тим.

Филаделфија, 5 октомври 2022 (МИА) - Тренерот на Филаделфија, Док Риверс, не сака да се потсетува на ситуацијата со Бен Симонс, бидејќи сега е играч на друг тим.
- Јас не го следам Бен Симонс, ги следам нашите играчи. Видете, сакам да се справи добро, но тој повеќе не е играч на 66-те, па оставив се во минатото, изјави Риверс.
Минатиот август, Симонс, и покрај тоа што имаше уште четири години од договорот со Филаделфија, одлучи дека повеќе не сака да биде член на тимот и побара трампа.
Во февруари, Сиксерс го испратија Симонс во Бруклин во трејдот во кој учествуваше Џејмс Харден. зс/