• четврток, 16 мај 2024

Риверс за дебито во Милвоки: Генерално, повеќе од задоволен сум

Риверс за дебито во Милвоки: Генерално, повеќе од задоволен сум

Милвоки, 30 јануари 2024 (МИА) - Док Риверс ги сумираше впечатоците од првиот натпревар на тренерското место во Милвоки.

Бакс со нов селектор загубија од Денвер нагетс со резултат 107:113.

- Нашата одбрана против позициониот напад на Нагетс беше одлична. Се боревме. Мислам дека го загубивме натпреварот во напад. Нема да кажам дека беа сосема лоши. Едноставно на моменти се претставувавме добро, а на моменти не. И ние мора да работиме на такви сегменти. Но, генерално, јас сум повеќе од задоволен. Им кажав на момците дека секој што вели дека не може да игра одбрана, лаже. Денеска го докажаа тоа. Се бореа на теренот. Знам дека нема да ни биде лесно уште некое време, особено со акциите во нападот. Го проучував нашиот напад 50 пати во последните два, седејќи и седејќи и гледајќи многу видеа, но сепак ќе биде потребно време да се командуваат со вистинските комбинации. Мора да имаме по неколку опции во нападот, рече Риверс.

Тој во Милвоки бакс дојде на местото на Адријан Грифин кој доби отказ од раководството на клубот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан