• сабота, 11 мај 2024

Рибакина се повлече од турнирот во Индијан Велс

Рибакина се повлече од турнирот во Индијан Велс

Индијан Велс, 9 март 2024 (МИА) - Четвртиот светски рекет, казахстанската тенисерка Елена Рибакина се повлече од турнирот во Индијан Велс (САД) поради здравствени проблеми. 

Рибакина преку социјалните мрежи им се заблагодари на фановите за поддршката.

- Би сакала да им се заблагодарам на сите навивачи кои дојдоа да ме поддржат и тажна сум што нема да имаат можност да ме видат како играм оваа година. Сега ќе одморам и ќе се опоравам за да можам да излезам на теренот и повторно да играм, напиша Рибакина на  социјалните мрежи.

Оваа сезона 24-годишната тенисерка ја освои титулата на турнирите во Бризбејн (Австралија) и Абу Даби (ОАЕ). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан