Речиси 45 тони канабис се пронајдени во магацин во Калифорнија
- Речиси 45 тони канабис пронајде полицијата во понеделникот во складиште во сојузната држава Калифорнија во САД, но сопственикот на дрогата не е идентификуван, се вели во соопштението објавено од полицијата на округот Сан Бернардино.
Сакраменто, 13 декември 2024 (МИА) - Речиси 45 тони канабис пронајде полицијата во понеделникот во складиште во сојузната држава Калифорнија во САД, но сопственикот на дрогата не е идентификуван, се вели во соопштението објавено од полицијата на округот Сан Бернардино.
Полицијата била повикана од соседите кои почувствувале силен мирис на канабис кој се шири од новоизградениот магацин каде дрогата била спакувана во вреќи за ѓубре.
Непознат е сопственикот на хангарот во кој е пронајдена дрогата со пазарна вредност од над 100 милиони долари. Канабисот е легален во Калифорнија, но комерцијалното одгледување бара дозвола. мс/
фото: МИА архива