• петок, 22 ноември 2024

Речиси 10 милиони Етиопјани гладуваат поради воени судири и суша

Речиси 10 милиони Етиопјани гладуваат поради воени судири и суша

Адис Абеба, 9 февруари 2024 (МИА) - Речиси 10 милиони Етиопјани се соочуваат со екстремен глад во регионите Амхара и Тигра поради воени конфликти и силна суша, објави денеска британската добротворна организација Оксфам.

Во извештајот на федералните власти се наведува дека во тие региони досега од глад починале околу 400 луѓе.

Оксфам наведува дека цела северна Етиопија, доколку не се засилат напорите за хуманитарна помош, ќе се соочи со хуманитарна катастрофа.

Недостигот на финансии и вооружените конфликти во регионот Ахмара ги попречија хуманитарните напори.

Минатата година ОН успеаја да соберат само една третина од потребните четири милијарди долари (3,7 милијарди евра) потребни за Етиопија.

Локалните власти во провинцијата Тиграј велат дека постои голема закана од масовно екстремно гладување, но федералната влада ја отфрли таа можност. паг/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан