• вторник, 11 февруари 2025

Речиси сите нации го пропуштија рокот на ОН за поднесување нови цели за намалување на емисиите на јаглерод диоксид

Речиси сите нации го пропуштија рокот на ОН за поднесување нови цели за намалување на емисиите на јаглерод диоксид

Њујорк, 10 февруари 2025 (МИА) - Речиси сите нации го пропуштија рокот на ОН до денеска да поднесат нови цели за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, вклучително и големите економии во однос на климатските промени. Само 10 од речиси 200 земји од кои се бара според Парискиот договор да достават нови климатски планови до 10 февруари, го сторија тоа навреме, според базата на податоци на ОН за следење на поднесоците.

Според климатскиот договор, секоја земја треба да обезбеди поостри главна бројка за намалување на емисиите што ја задржуваат топлината до 2035 година и детален план за тоа како да се постигне тоа.

Глобалните емисии се зголемуваат, но треба речиси да се преполови до крајот на деценијата за да се ограничи глобалното затоплување на нивоата договорени со парискиот договор.

Шефот на ОН за клима, Сајмон Стил, ја нарече оваа последна рунда национални ветувања „најважните политички документи на овој век“.

Сепак, само неколку големи загадувачи ги предадоа надградените цели навреме, а Кина, Индија и Европската унија се најголемите имиња на долгата листа на „отсутни“.  Нема казна за поднесување задоцнети цели, формално насловени национално определени придонеси (NDCs). рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан