• недела, 22 декември 2024

Таксата за транзит на руски гас ја отвора можноста за зголемување на цената на парното и струјата

Таксата за транзит на руски гас ја отвора можноста за зголемување на цената на парното и струјата

Скопје, 2 ноември 2023 (МИА) - Бугарската такса за транзит на руски гас може да резултира со поскапување на рускиот енергенс за крајните корисници што, пак, ќе предизвика зголемување на цената на парното и струјата. 

Северна Македонија бара ослободување на капацитетите за гас и таксата да не важи затоа што, како што вчера изјави премиерот Димитар Ковачевски, таа е неправедно наметната. Воведувањето на оваа такса, според него, ќе предизвика зголемување на цената на електричната енергија и на парното. 

- Затоа побаравме да се ослободи капацитетот за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори, што нема да биде руски и со тоа нема да биде оптоварен со оваа дополнителна такса. Во моменот се водат разговори и на ниво на Европската Унија и со Бугарија со соодветното министерство за да може ова да биде направено. Минатата година успеавме заедно со Европската комисија и Бугарија да ослободиме капацитет за набавка на гас што не е исклучиво во сопственост на „Газпром“ и се надевам дека и годинава ќе успееме да го направиме тоа, рече Ковачевски, додавајќи дека заедно со министерот за економија веќе реагирале до Европската комисија.  

 Kryeministri Dimitar Kovaçevski vlerëson se nuk ka problem në përzgjedhjen e zëvendëskryeministrit për Çështje Ekonomike, Fatmir Bytyqi për përfaqësues në organin e arbitrazhit të Bankës Bot

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера соопшти дека до крајот на ноември ќе се чека одговор на барањето до Европската комисија за таксата за транзит на рускиот гас. 

- До крајот на месец ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисја за воведената такса за транзит на руски гас од страна на Бугарија. Нашето барање е да се ослободат дополнителни капацитети на гасоводот којшто го имаме со Бугарија и којшто е целосно закупен од „Гаспром“. Доколку не се ослободат потребните количини за нашите потреби, ќе бараме конпензирање на штетата од страна на Европската комисија за непочитување на нивните директиви, а зошто да не и да ја бараме правдата во меѓународен спор со Европската комисија и со „Булгаргастранс“, истакна Бектеши во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24.

Од друга страна, според Регулаторната комисија за енергетика, не се очекува корекција на цената до крајот на грејната сезона.

-Корекции на цената до крајот на грејната сезона нема да има без разлика на таксата за руски гас. На последниот тендер за набавка на природен гас, цената е вообичаена и е некаде во рамки на берзата во Холандија, најголемата берза во Европа. Дали во таа цена е вкалкулиран екстра трошок или не, не знаеме, но цената е во рамки на цената на европските берзи. Верувам дека во наредниот период ќе бидат преземени сите мерки, зашто Македонија на ниту еден начин не треба да биде погодена од воведувањето на оваа такса зашто оваа такса се однесува исклучиво на руски гас и јасно е дека земјава не била таргетот, туку тоа се други држави кои не знам од кои причини се однесуваат така како што се однесуваат, изјави во вторникот претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Реакции за воведувањето на таксата за рускиот гас од страна на Бугарија имаше и од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. 

- Ова е голем проблем за нас. Тоа ќе доведе до драстично зголемување на цената на гасот за дополнителни 100 евра за 1000 кубни метри гас. Ова е ужасно зголемување и ќе разговараме со бугарската страна. И оваа одлука не треба да важи за Србија, реагираше српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Според унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, новите бугарски такси се неприфатливи и ја загрозуваат европската солидарност.  

Европа се соочува со потенцијална криза кон средината на месецов, кога државите од Европската Унија ќе треба да ги отрфлат барањата на Москва, плаќањето за гориво да се врши во рубљи, иако не

Од Европската комисија вчера изјавија дека Бугарија има право сама да одлучува како ќе ги користи приходите од наплатата на таксата. 

- Таксите што ги наплаќа Бугарија за транзит на рускиот гас за Србија, Унгарија и Северна Македонија се национална мерка и затоа право на Бугарија е да одлучи каде ќе ги насочи овие приходите, изјави портпаролот на ЕК за климатска акција и енергија Тим Мекфи, потсетувајќи дека во 11-те пакет-мерки што ЕУ ги воведе против Русија, во делот на енергенсите санкции се предвидени само за нафтата и јагленот, но не и за гасот. 

Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекува годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра, средства кои, како што најави минатата недела бугарскиот премиер Николај Денков, би можеле директно да завршат во Буџетот на ЕУ. 

Софија очекува првите приходи од новата такса да се најдат на нејзината сметка на 14 ноември, но некои бугарски енергетски експерти изразуваат сомнеж дека земјата воопшто ќе добие некакви средства. Експертот Калојан Стајков за „Еурактив“ изјави дека гасоводот преку кој транзитира гасот „тешко дека ќе може да се оквалификува како руски, бидејќи поврзува неколку извори“ на енергенсот. 

„Газпром“ досега не се изјасни за новата енергетска такса и не е познато дали има намера да ја плаќа. Бугарскиот министер за финансии Асен Василев минатата недела изјави дека доколку „Газпром“ одбие да ја плаќа таксата ќе бидат запленети неговите финансиски гаранции на договорите во Бугарија, а може да се соочи со конфискување на имот во земјата. бак/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан