Ретклиф му забрани на Рашфорд да премине во тим од Премиер лигата
- Косопственикот на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф, лично го блокираше трансферот на напаѓачот Маркус Рашфорд во друг клуб од Премиер лигата.

Манчестер, 16 јануари 2025 (МИА) - Косопственикот на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф, лично го блокираше трансферот на напаѓачот Маркус Рашфорд во друг клуб од Премиер лигата.
Претходно во јануари се појави информација дека Тотенхем и Вест Хем сакаат да го земат Англичанецот на позајмица во вториот дел од сезоната. Фудбалерот беше поврзуван и со Челзи.
И додека Јунајтед е подготвен да се раздели со Рашфорд, Ретклиф не е подготвен да му дозволи на 27-годишниот напаѓач да им се приклучи на нивните ривали од Премиер лигата, тврди „Дејли стар“.
Англичанецот одбил понуда од клуб од Саудиска Арабија. Сега Маркус е принуден да бара нов тим во Европа, а меѓу заинтересираните за него се Барселона, Борусија Дортмунд и Милан. зс/
Фото: ЕПА