• понеделник, 23 декември 2024

РЕС ИСТРГУВА НАЈГОЛЕМА КОЛИЧИНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА ПРВИОТ ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА ЗА СТРУЈА

РЕС ИСТРГУВА НАЈГОЛЕМА КОЛИЧИНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА ПРВИОТ ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА ЗА СТРУЈА

Компанијата РЕС (Renewable Energy Supply),  вчера, на првиот ден од работењето на македонската берза за електрична енергија, истргува најголемо количество енергија од сите снабдувачи, односно 31 мегават часови, или 12% од вкупното количество од 256 мегават часови, истргувани од страна на 20 компании кои вчера учествуваа на берзата.

Од РЕС потенцираат дека ќе даваат континуирана поддршка за стабилизирање на домашната берза и за формирање на стабилни цени на електрична енергија кај нас, кои ќе му овозможат на стопанството подолгорочно планирање и ќе се избегнат ценовни шокови.

РЕС во моментот снабдува со електрична енергија над 300 компании и државни субјекти, кои имаат годишна потрошувачка од над 450 гигават часа.

 

____________________________________________

 

 

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

 

 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан