Ресторанот „Four“ преку хуманитарна акција обезбеди прибор за децата
Број на објава: 673/07/21 Датум: 16.07.2021 Клучни зборови: Ресторанот „Four“,„Проектот среќа“
Десет лаптопи и 35 ученички прибори (ранци, тетратки, блокови, боици, моливи) ќе бидат донирани на оние кои им е најпотребно во рамките на хуманитарната акција „Среќна Школска Година“. Ресторанот „Four“ донира процент од профитот остварен во период од 23-ти до 30-ти јуни, а во соработка со „Проектот среќа“ како што и ветија обезбедија прибор за децата со социјален ризик. По повод отворањето на градината на ресторанот „Four“ , кои со „Проектот Среќа“ најавија дека секоја година ја организираат оваа хумана акција беа поканети многу музички имиња меѓу кои Павле Камилоски, Сара Мејс, Лео Ајдари и Антонија Гиговска. - Голема благодарност до сите гости, соработници, партнери и вработени, кои не само сега туку и во изминатите пет години ни дадоа поддршка и лојалност, а тие за нас и во иднина ќе се нашиот приоритет. Со хуманитарната акција по повод отворање на градината на ресторанот “Four” ја продолжуваме мисијата како групација и како семејство Малиќи кон поддршка на општеството и маргинализираните групи. Особено ми е драго што собраните средства ќе одат за најмалите, оние кои се со најголем социјален ризик. Секое дете заслужува среќно детство и треба да има еднаков пристап до образование, истакна Алтин Малиќи, еден од сопствениците на Паркленд Хоспиталити Груп. Покрај убавата музика сите гости имаат уникатно гастрономско доживување од готвачот Елефтериос Далагиоргис, а дружбите во амбиентот на новата градина придонесоа кон успешноста на оваа хуманитарна акција. - Благодарност до ресторанот „Four“ што беа организатори на оваа хумана акција, како и гостите, а донираната училишна опрема и уреди за следење настава за децата во социјален ризик, за кои веќе со години се грижиме, ќе ни помогнат да усреќиме што повеќе деца и оваа година, истакна Кристина Арнаудова од „Проектот среќа“.
МИА - ОТС Комерцијални соопштенија Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.