• недела, 22 декември 2024

Републиканците сè уште ја туркаат истрагата околу Бајден и најавија гласање за негов импичмент

Републиканците сè уште ја туркаат истрагата околу Бајден и најавија гласање за негов импичмент

Вашингтон, 30 ноември 2023 (МИА) - Републиканците во Претставничкиот дом на САД во наредените недели можат да внесат на општо гласање во однос на прашањето за истрагата за импичмент на претседателот на САД Џо Бајден, соопшти денеска Вашингтон пост.

-Партискиот организатор на мнозинството во долниот дом, републиканецот Том Емер им соопшти на републиканците во домот на средба зад затворени врати синоќа дека во наредните недели членовите најверојатно ќе поднесат на гласање формално одобрение за истрага во рамките на импичмент на Бајден, пишува весникот.

Републиканците, преку Комисијата за надзор на долниот дом, водат истрага што се обидува да утврди за наводна вклученост на американскиот лидер во бизнис-операции на свои роднини кои наводно ја злоупотребиле неговата позиција во власта за милионски добивки низ земји како Кина, Украина и Русија.

Синот на Бајден, Хантер, беше повикан да сведочи од самиот конгресмен Џејмс Комер, кој ја предводи комисијата. Адвокатите побараа сведочењето да биде отворено за јавноста, откако го обвинија Комер за селективно протекување информации со другите сведоци кои сведочат зад затворени врати.

Комер сè уште нема одлучено дали сведочењето на Бајден ќе биде отворено за јавноста. кб/

Остани поврзан