• петок, 22 ноември 2024

Репортери без граници: Во Алжир уапсен новинарот Драрени

Репортери без граници: Во Алжир уапсен новинарот Драрени
Алжир, 28 март 2020 (МИА) - Алжирската полиција го уапси познатиот новинар Калид Драрени, планирајќи да го обвини за „кршење на интегритетот на територијата на државата“, објави организацијата за заштита на правата на новинарите  „Репортери без граници“. Драрени ги следеше протестите во Алжир во текот на минатата година, кои резултираа со оставка на претседателот Абделазиз Бутефлика, а сега се прекинати поради пандемијата со коронавирусот. Министерството за правда на Алжир не се огласи по повод апсењето на новинарот. Апсењето на Драрени се случи неколку дена по апсењето на водечкиот лидер на опозицијата Карим Табу. Властите, исто така, уапсија многу истакнати личности, меѓу кои бизнисмени, функционери и поранешни раководители поврзани со Бутефлика. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан