• петок, 22 ноември 2024

Репортери без граници го осуди апсењето на египетската уредничка

Репортери без граници го осуди апсењето на египетската уредничка
Каиро, 25 јуни 2020 (МИА) - Меѓународната организација за медиуми „Репортери без граници“ денеска го осуди апсењето на Нора Јунис, уредничка на еден од неколкуте преостанати независни медиуми во Египет и ги повика властите во земјата да ја ослободат веднаш и да ги отфрлат сите обвиненија. Нора Јунис, уредничка на веб-страницата Ал-Манас, беше уапсена вчера откако безбедносните сили извршија рација во нејзината канцеларија во КаироТаа е обвинета за водење веб-страница без дозвола за работа“, соопшти Ал-Манас. „Со постојани административни одложувања, властите спречија Ал-Манас да се легализира, поради што недостига официјална дозвола за работа, што е причина за судска постапка,  соопшти „Репортери без граници“. Тие ги повикаа египетските власти да престанат со гонење на независните медиуми. Во Египет е потребно медиумите да имаат лиценца за работа, но неиздавањето дозвола честопати се користи како изговор за замолчување на медиумите што ја критикуваат власта. паг/

Остани поврзан