• вторник, 02 јули 2024

Ренова поуспешна од Брегалница на стартот од пролетниот дел на ПМФЛ

Ренова поуспешна од Брегалница на стартот од пролетниот дел на ПМФЛ
Штип, 12 февруари 2022 (МИА) – Со натпреварот Брегалница – Ренова попладнево во Штип беше отворена пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Победија гостите од Џепчиште со 2:1. Давид Денковски (автогол) и Виктор Серафимовски беа стрелци за Ренова, голот за Брегалница го постигна Милан Џекиќ. Другите натпревари од 19.коло во македонскиот фудбалски шампионат се играат утре. Двојките се: Скопје – Борец Македонија ЃП – Тиквеш Пелистер – Работнички Шкендија – Струга Шкупи – Академија Пандев. На табелата води Шкупи со 42 бода, пред Академија Пандев со 35, Шкен дија има 34, Ренова 30, Брегалница 29,... зс/

Остани поврзан