Младите ракометари на Еурофарм Пелистер подобри од Алборг 24:23, во финале со Фуксе Берлин
- Младите ракометари на Еурофарм Пелистер ги елеминираа врсниците од Данска, совладувајќи го тимот на Алборг со 24:23 и утре ќе играат финале со Фуксе Берлин.
Битола, 30 март 2026 (МИА) - Младите ракометари на Еурофарм Пелистер ги елеминираа врсниците од Данска, совладувајќи го тимот на Алборг со 24:23 и утре ќе играат финале со Фуксе Берлин.
Со денешната победа, битолчани, како лани така и годинава обезбедија пласман во финалето на турнирот на млади ракометни шампиони.
Турнирот за пласман на „фајнал фор“ во Келн, годинава се одржува во Пореч, а по денешната победа на германскиот младински шампион Фуксе над Загреб, утре во 16:30 часот, битолчани ќе играат финале со тимот од Берлин.
Победата на младите ракометари на Еурофарм Пелистер е тимска, а за најдобар поединец на средбата со Алборг, ЕХФ го прогласи голманот Јован Мацановски. мт/аа/
Фото: РК Еурофарм Пелистер