• петок, 22 ноември 2024

Рекордерот Џои раскажува како се чувствува по изедени 62 хот-дога

Рекордерот Џои раскажува како се чувствува по изедени 62 хот-дога

Лос Анџелес, 6 јули 2023 (МИА) - Џои Честнат од Калифорнија повторно ја освои светската титула во јадење хот-дог сендвичи на натпреварот што традиционално се одржува на 4 јули - американскиот национален празник, на Кони Ајленд во Њујорк.

Ова е 16. победа за овој 39-годишен Американец кој изеде 62 виршли за само 10 минути, но не успеа да го собори својот рекорд од 2021 година кога за 10 минути изеде 76 хот-дога. Џои потоа за „Мирор“ раскажа како се чувствува по натпреварот.

- Тоа е слично на чувството на преполнетост и замор што луѓето го доживуваат по гозбата за Денот на благодарноста. Слично е на тоа, само што е навистина многу полошо. Луѓето ми велат дека цел мирисам на виршли. И потта ми е многу „леплива“... И девојка ми вели дека потта „ми мириса поинаку“, раскажува тој.

И покрај сите непријатности, меѓу другото и со „престојот во тоалетот“, Џои нема намера да прекине и оти ќе продолжи да се натпреварува и наредните години, доколку телото му дозволи.

- Го сакам овој натпревар и сè уште ми е возбудливо. Дури и да загубам, ќе биде тешко целосно да го напуштам натпреварувањето, изјави тој.

Кога станува збор за женската категорија, победи Мики Судо, која за тие 10 минути изела 39,5 хот-дози и го освои трофејот по деветти пат. Инаку, првиот натпревар во јадење хот-дог бил одржан 1916 година, кога победникот изел 13 сендвичи.  си/сд/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан