• петок, 22 ноември 2024

Рекорден раст на акциите на европските берзи

Рекорден раст на акциите на европските берзи
Лондон, 6 април 2021 (МИА) - Цените на акциите утрово на европските берзи забележаа раст, а индексот СТОХХ 600 достигна рекордно ниво, бидејќи инвеститорите се надеваат на забрзано закрепнување на економиите од корона криза. Индексот СТОХХ 600 на водечките акции во Европа порасна за 0,6 проценти, со што се елиминирани сите загуби од почетокот на пандемијата и го достигнаа највисокото ниво во историјата. Лондонскиот индекс ФТСЕ забележа раст од 1,10 отсто на 6.811 поени, франкфуртскиот ДАХ порасна 1,05 проценти на 15.262 поени, а парискиот САС зголеми за 0,60 отсто на 6.139 поени. Инвеститорите беа охрабрени од вчерашниот раст на цените на акциите на Волстрит, при што индексот Дау Џонс и на С&П 500 достигнаа нови рекордни нивоа. Тоа се должи на очекувањата дека големите фискални и парични стимули ќе го забрзаат закрепнувањето на најголемата светска економија од корона кризата. Раст на цените на акциите денеска е забележан и на поголем број азиски берзи, а индексот на азиско-пацифички берзи МСЦИ, со исклучок на јапонскиот, порасна за 0,3 проценти. ми/

Остани поврзан