• недела, 14 јули 2024

Рекорден интерес за билети за Мундијалот во Катар

Рекорден интерес за билети за Мундијалот во Катар
Доха, 22 јуни 2022 (МИА) – Бројот на продадени влезници за Светското фудбалско првенство во Катар, по завршување на втората фаза од продажбата, изнесува 1.2 милиони билети, соопшти денеска генералниот секретар на Организацискиот одбор Хасан Ал-Тавади. - Мислам дека побарувачката е рекордно висока. Луѓето купуваат (влезници) и се радуваат на доаѓањето, рече Ал – Тавади во говорот на катарскиот економски форум во Доха. Здружението на навивачи претходно изразија загриженост поради високите цени на авионските билети и хотелското сместување, како и поради почитувањето на човековите права во Катар. - Се обидуваме да создадеме опкружување во кое економијата има корист, но тоа да биде исплатливо и достапно за навивачите, што не е секогаш лесно да се избалансира, посочи Ал-Тавади. ег/паг/

Остани поврзан