• недела, 22 декември 2024

Реконструкција на училници и кабинети во кумановската гимназија „Гоце Делчев“

Реконструкција на училници и кабинети во кумановската гимназија „Гоце Делчев“

Куманово, 9 мај 2024 (МИА) - Интензивно се спроведува реконструкцијата на училниците и на ходниците во кумановската гимназија „Гоце Делчев“ Куманово, соопштија денеска надлежните од училиштето. Проектот ќе опфати 36 училници, кабинети, канцеларии.

- Санацијата ќе трае до оваа крајот на оваа календарска година. Опфатени се сите училници, кабинети и канцеларии во училиштето, фискултурната сала, галеријата каде се одржуваат манифестации. Проектот е околу десет милиони денари, изјави директорката на училиштето, Марија Тодоровска.

Со оваа санација целосно завршува уредувањето на внатрешноста на училиштето и опфатени се сите простории.

- Ни преостанува единствено партерното уредување, изјави Тодоровска

Претходно, беше санирана и атмосферската канализација во дворот беше поставен е лифт за ученици со попреченост. Поставени се фотоволтаици во училиштето, заштедата е голема. Надлежните набавија и инвертер клими за училниците за користење во периодниот период.

- Заштедата е 3:1, одлично е што ги поставивме во однос на сметките за струја, појаснува Тодоровска.

Претходното, лето заврши обемната реконструкција на „Гоце Делчев“ во кој целосно беше реконструирана фасадата на училиштето, беше саниран одвоениот објект, училишната спортска сала, покривот.

Објектот на кумановската гимназија датира од 1946-та година, последна темелна реконструкција извршена е во 80-тите години кога е поставено парното греење. Во моментов настава следат околу 800 ученици. ам/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан