• сабота, 19 октомври 2024

Реконструкција на улици во Куманово

Реконструкција на улици во Куманово

Куманово, 19 јуни 2024 (МИА) - Во тек е реконструкцијата на повеќе улици во Куманово, соопштија денеска надлежните од секторот за комунални дејности од општината. Во моментов екипите на градежните компании се на терен на улицата „Рушит Шаќир“, привршува и улицата „Веселин Маслеша“ во населбата „Перо Чичо“. Улицата како и неколкуте каде заврши реконструкцијата се дел од програмата за санација и одржување на улици.

Преку друг тендер, се поставува бекатон на неколку краци на улицата „Индустриска“ во Куманово.За оваа програма општината одови околу 20 милиони денари.

-На улицата се поставува асфалт. Имаше видни оштетувања кои ја загрозуваа безбедноста на пешаците. Очекуваме да се заврши согласно предвидениот рок, изјави, помошник раководител на секторот, Момчило Јовановски.

Претходно заврши реконструкцијата на улиците „Ацо борозански“ „Драгојло Диндиќ“ „Франц Розман“ и „Доктор Рибар“.Овие улици, заедно со „Младен Стојановиќ“ и неколку споредни во Куманово се дел од годишната програма за санација и асфалтирање на улици. Претходно заврши изградбата а улицата во село Лопате.

Куманово одвои скоро 26 милиони денари за одржување и санирање на оштетено јавно прометни површини на територија во општина Куманово (летно одржување на улици). ам/

Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан