• четврток, 22 јануари 2026

Реконструкција на улицата „Александар Урдаревски“ во Скопје

Реконструкција на улицата „Александар Урдаревски“ во Скопје

Скопје, 10 февруари 2024

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во завршните работи на реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“, важен проект ветен во програмата „За модерно Скопје“, кој го изведува Јавното претпријатие „Улици и патишта“ - Скопје. 

Со реконструкција на оваа важна сообраќајница под надлежност на Град Скопје се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот и истата е исполнување на уште едно децениско барање на жителите.

Имплементацијата на проектот опфати реконструкција на коловозот на улицата на површина од 9.600 м2 и должина од 1270 метри, со изработка на банкини од тампонски материјал и нови рабници, а за граѓаните од овој дел на градот ќе се подигне ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување.

Одделение за односи со јавност
Град Скопје

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Град Скопје

Остани поврзан