• вторник, 07 април 2026

Реконструкција на две одделенија во кумановската општа болница

Реконструкција на две одделенија во кумановската општа болница

Куманово, 7 септември 2026 (МИА) - Подобри услови за работа и поквалитетна здравствена заштита ќе имаат вработените на детско одделение и наскоро на гинеколошко - акушерскиот оддел, информираа денеска надлежните од Oпшта болница Куманово кои го одбележаа денешниот ден 7 април - Светски ден на здравјето. Реконструкцијата значително ќе влијае на подобрување на просторот за работа на двете одделенија во здравствената установа.

-Реконструкцијата на детското одделение на стационар се спроведува тековно, со поддршка на општествено-одговорни компании. Очекуваме од идната недела да почне уредување на оддел гинекологија. Со реконструкцијата на овие две одделенија т.н „стара болница“ комплетно ќе биде санирана. Едно од ветувањата од Владата е зголемувањето од шест проценти и еден процент за септември-изјави директорот на болницата, Сашо Стошевски.

Во однос на кадровската екипираност, Стошевски нагласува дека го добиле оперативниот буџет и поднеле барања до надлежното министерство од каде добиле позитивен одговор за вработување. Постапката е во тек и наскоро, за месец до два ќе биде распишан конкурсот за прием на нови медицински сестри и технички персонал. Тој рече дека очекуваат дополнителен број специјализанти.

- Проблемот со недостиг на анестезиолози делумно се решава преку соработка до лекари од скопските клиники ГАК, „8 септември“ … и со установи од внатрешноста. За разлика од претходно кога специјализациите се доделувале како „желботека“ сега нема да е така. Се подготвува национална стратегија ќе се даваат специјализации само според потребите на конкретната здравствена установа. Во вреска со конкурсот што ќе се распише за вработување за петте општи лекари, предност ќе имаат само оние кои ќе земаат специјализација по анестезија и реанимација. Приоритет е тоа - кажа Стошевски.

Општа болница го покрива североисточниот регион со околу 200.000 жители. ам/вг/

Фото: МИА

Остани поврзан