Реконструкцијата на Универзална сала треба да почне во септември
- Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков очекува обновата на Универзална сала да почне во септември. Како што рече денеска, завршено е испитувањето на конструкцијата по настанатиот пожар минатата година во април и дадени се насоки за дополнително статичко зајакнување. Поради тоа, рече, извршена е промена на постоечката проектна документација со нова.
Скопје, 4 јули 2025 (МИА) – Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков очекува обновата на Универзална сала да почне во септември. Како што рече денеска, завршено е испитувањето на конструкцијата по настанатиот пожар минатата година во април и дадени се насоки за дополнително статичко зајакнување. Поради тоа, рече, извршена е промена на постоечката проектна документација со нова.
Според Љутков, кон средината на овој месец ќе се објави оглас за избор на изведувач и надзор на реконструкцијата.
-Се отстранија сите други административни пречки и недостатоци што беа во постапките за кои зборував на многу прес-конференции, незаконски се разбира и очекувам продолжување на реконструкцијата, што би било некаде во текот на септември оваа година, кога ќе завршат сите постапки, рече Љутков на прес-конференцијата за сработеното во првата година. мч/са/