Реконструиран дел од оградата и трибината на фудбалскиот терен со вештачка трева во спортскиот центар „Билјанини извори“
- Заврши реконструкцијата на дел од оградата и трибината на фудбалскиот терен со вештачка трева во спортскиот центар „Билјанини извори“.
Охрид, 2 јуни 2025 (МИА) - Заврши реконструкцијата на дел од оградата и трибината на фудбалскиот терен со вештачка трева во спортскиот центар „Билјанини извори“.

Јавното претпријатие „Билјанини извори“ соопшти дека се поставени нови елементи за безбедност и комфор, а трибината е освежена со нови седишта и подобрена стабилност.
- Претходо беше поставено и ново теренско осветлување, овозможувајќи квалитетни услови за натпревари и тренинзи и во вечерни часови. Со овие активности, продолжуваме со реализација на нашата мисија за создавање современи и функционални спортски простори, достапни за сите спортисти и граѓани на Охрид, соопшти ЈП „Билјанини извори“. сс/дма/
Фото: ЈП „Билјанини извори“