• петок, 17 мај 2024

Реконструирано училиштето во демиркаписко Бистренци 

Реконструирано училиштето во демиркаписко Бистренци 

Демир Капија, 14 септември 2023 (МИА) - Заврши реконструкцијата на училиштето во демиркапиското село Бистренци, информираше попладнево градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров.  

- Со почетокот на новата учебна година, завршија градежните активности во подрачното училиште. Поставена е нова термоизолациона фасада на училишната зграда, изработена е нова стреа, поставени се нови олуци и метални штитници на прозорците, како и настрешница на влезот на училиштето, соопшти градоначалникот.  

Тој појасни дека со реализацијата на овој проект, кој е целосно финансиран од буџетот на училиштето, значително се подобрува енергетската ефикасност на објектот, а со тоа и условите за реализација на воспитно-образовниот процес во Бистренци. 

Во текот на летниот период беше извршена и реконструкција на кровот на училиштето, а набавен е и нов училишен инвентар. свд/


Фото : фејсбук на градоначалникот Лазар Петров 

Остани поврзан