Реконструирано спортското игралиште во село Извор
- Општина Чашка го пушти во функција новото комплетно реконструирано мултифункционално игралиште во село Извор.

Велес, 14 август 2025 (МИА) - Општина Чашка го пушти во функција новото комплетно реконструирано мултифункционално игралиште во село Извор.
Како што информира градоначалникот Горан Стојановски, на игралиштето се извршени целосни градежни зафати – асфалтирање, оградување, поставување на осветлување и нови спортски реквизити, по што децата и младите од селото веќе започнаа со натпревари во мал фудбал и кошарка.
Проектот е финансиран со средства од општинскиот буџет.
-Грижата за младите е врвен приоритет на Општина Чашка. Ќе продолжиме со реализација на вакви и слични проекти и во наредниот период, најави Стојановски. ад/дма/
Фото: Општина Чашка