• недела, 19 мај 2024

Рекетот со кој Ѓоковиќ го освои првиот трофеј на Ролан Гарос продаден на аукција за 107 илјади долари

Рекетот со кој Ѓоковиќ го освои првиот трофеј на Ролан Гарос продаден на аукција за 107 илјади долари

Њујорк, 4 декември 2023 (МИА) - Рекетот на Новак Ѓоковиќ беше продаден на американска аукција за спортски сувенири.

Конечната цена на рекетот со кој Србинот го освои Ролан Гарос 2016 година изнесуваше 107.482 долари.

Според описот на аукциската куќа, ова е рекетот кој Ѓоковиќ играше во финалето против Енди Мареј. За време на меч-топката Србинот имаше поинаков рекет во рацете, но со овој ја славеше победа цртајќи срце на теренот. После тоа го фрли рекетот на трибините. Рекетот го стави на продажба Еби Доерти која го фати вредниот сувенир.

На тој турнир, Ѓоковиќ комплетира кариерен Грен слем станувајќи во тој момент шампион на сите четири најголеми турнири. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан