• вторник, 24 декември 2024

Реката кај Косоврасти излегла од своето корито, патот исчистен и повторно прооден

Реката кај Косоврасти излегла од своето корито, патот исчистен и повторно прооден

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - Од големите врнежи во атарот на село Долно Косоврасти реката којашто доаѓа од атарот на село Горно Косоврасти, во Општина Дебар, излегла од своето корито и го поплавила патот и околината околу со вода и земјена и камена лава/кал. Патот е исчистен по брзата интервенција со булдожер од „Кнауф Дебар“ и со приватни камиони, по што коритото на реката е исчистено и патот е повторно прооден, известуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК за МИА информираат дека од обилните врнежи дожд што ја зафатија Општината Дебар и околината има поплавено неколку подруми во населбата „Венес 2“ и во другиот дел од градот каде што на терен се излезени екипи од ЈП „Стандард“ и пожарникарите од ТППЕ Дебар, но немало некои поголеми материјални штети. сх/ев/

Фото: МИА

Остани поврзан