• недела, 17 ноември 2024

Резников: Наскоро добри вести

Резников: Наскоро добри вести
Киев, 30 септември 2022 (МИА) - Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников на социјалните мрежи напиша дека „наскоро ќе објави добри вести“. Тој со американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, разговарал за „начините за зајакнување на украинските способности“. Резников посочи оти „добри вести ќе објави наскоро“, но, не даде никакви дополнителни детали. Украинскиот министер напиша дека украинската војска „ќе продолжи да го користи оружјето со цел да ги ослободи“ териториите што се под контрола на руските сили. бд/

Остани поврзан