• понеделник, 23 декември 2024

Ред скинс повикан да го промени името, клубот се согласи

Ред скинс повикан да го промени името, клубот се согласи
Вашингтон, 3 јули 2020 (МИА) - Главните спонзори на Ред скинс, познатиот клуб кој настапува во американската Националната фудбалска лига (НФЛ) од престолнината Вашингтон, повикаа клубот да го промени името, јави известувачот на МИА од САД. Федекс, главна приватна поштенска служба на САД, во 1999 година исплатила 205 милиони долари за авторските права на името на Ред скинс стадион во Вашингтон. Компанијата, и другите спонзори како „Најк“ и „Пепси“, сега бараат клубот „веднаш“ да го смени името, во спротивно се закануваат да ги прекинат сите врски со него. Терминот „ред скин“ е погрдно обраќање кон домородното население во САД, кое било десеткувано од колонистите за време на освојувањето и колонизацијата на Америка во 18 и 19 век. Повици за промена на името на клубот имало многупати досега во изминатите децении. Доколку во минатото прашањето се туркало под тепих, повиците сега се многу погласни со протестното движење против расизмот во САД, по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис годинава во мај. Според некои медиуми, 87 инвестициски фирми и сопственици на акции со вкупен капитал во висина од 670 милијарди долари, испратиле писмо до „Федекс“, и до другите два главни спонзори, „Најк“ и „Пепси“, со барање да ги прекинат сите врски со фудбалскиот клуб доколку не биде сменето називот. Барањето е поврзано со „расистичките контроверзи“ со именувањето на клубот. Во меѓувреме, „Најк“ го повлече сиот рекламен материјал и производи со логото на Ред скинс од својата онлајн продавница. Пребарувачот на сајтот дава нула резултат по внесување на името на клубот. Вашингтон пост јави дека клубот се согласил да ги разгледа барањата за промена на името. кб/зс/

Остани поврзан