Регистриран земјотрес со епицентар во подрачјето Делчево – Берово
- Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и Рихтерова локална магнитуда ML3.1. е регистриран утрово од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија. Епицентарот е во подрачјето Делчево – Берово, 123 километри југоисточно од Скопје.
Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и Рихтерова локална магнитуда ML3.1. е регистриран утрово од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија. Епицентарот е во подрачјето Делчево – Берово, 123 километри југоисточно од Скопје.
Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 08 часот и 46 минути, а го почувствувале жителите на градовите Пехчево, Берово и околината. мч/дма/
фото: МИА архива