• сабота, 23 ноември 2024

Регионалниот воен шеф соопшти за „масивен“ руски напад врз Дњепропетровск, не спомнува лансирање на ИЦБМ

Регионалниот воен шеф соопшти за „масивен“ руски напад врз Дњепропетровск, не спомнува лансирање на ИЦБМ

Дњепар, 21 ноември 2024 (МИА) – Русија „масовно го напаѓа“ Дњепропетровск од рано утрово, соопшти шефот на воената администрација на украинскиот регион.

- Од раните утрински часови, агресорот масовно го напаѓа регионот, напиша Серхиј Лисак на Телеграм.

Тој пријавил „оштетување на индустриско претпријатие“ во регионалниот главен град Днипро. Во градот имало два пожари, рече тој.

Според неговата последна објава на Телеграм, градот Криви Рих загинале 2 лица. Подоцна ќе бидат објавени повеќе детали.

Лисак не го спомна обвинувањето од украинските власти дека Русија лансирала интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) во нејзиниот напад врз регионот Дњепропетровск. јт/

 

Остани поврзан