• сабота, 13 декември 2025

Регионалната занаетчиска комора Куманово ги повика кандидатите за градоначалници и носители на листи да ги разгледаат нивните барања за поконкурентно занаетчиство

Регионалната занаетчиска комора Куманово ги повика кандидатите за градоначалници и носители на листи да ги разгледаат нивните барања за поконкурентно занаетчиство

Куманово, 1 септември 2025 (МИА) - Регионалната занаетчиска комора од Куманово, денеска упати барања до кандидатите за градоначалници и до советничките листи да ги разгледаат предлозите и барањата на занаетчиите и да ги вметнат во програмите за развој на локалната економија. Занаетчиите сметаат дека барањата се суштински за развој на локалната економија, за зачувување на традицијата и нивна поддршка.

Намалување на фирмарината бараат занаетчиите и сметаат дека ќе се поттикне регистрирањето на нови занаетчиски бизниси, преместување на Дирекцијата на УЈП од Штип во Куманово со оглед на тоа што Куманово е најголема општина, економски центар и со поголем број на занаетчии и претприемачи. Почитување на Законот за занаетчиство и зголемување на бројот на паушално оданочени занаетчии, простории за комората и дополнителни канцаларии за спроведување на обуки, претквалификации и квалификации. Поддршка за младите при отворање на сопствен бизниси, покрај поддршката од државата, важно е поддршката од општината, намалување на сивата економија, заеднички активности за намалување на „сивата“ економија, поддршка за старите занаети и промоција на Куманово преку сувенири.

Од регионалната занаетчиска комора веруваа дека секој кандидат за градоначалник од регионот може и треба да ги прифати барањата, бидејќи тие претставуваат реални и издржани чекори за развој на североисточниот регион, овозможуваат подобрување на условите за работа на занаетчиите и заживување на локалната економија.

- Управниот одбор на комората ги повикува сите кандидати за градоначалници, носители на листи да се сретнат со нас подлабоко и суштински да ги објасниме нашите барања. Верувам дека ќе има интерес, бидејќи има потенцијал во Куманово, за да може да се отворат повеќе бизниси. Во моментов состојбата не е на завидно ниво особено кај микро и малите претпријатија, за над проблем е „сивата економија“, нелегалната продажба на социјалните мрежи, во Куманово има многу контроли, што е случај во останатите градови. Бараме формализација на постоечките бизниси. Куманово граничи со две држави и често имам проблем поради таа близина, бараме и зголемување на царини, изјави претседателот на РЗК, Агрон Фазлији.

Комората уште еднаш го повтори старото барање за занаетчиите да се категоризираат како микробизниси, а не како индустрија, за да плаќаат поевтина електрична енергија и да станат поконкурентни на пазарот на трудот.

- Ова барање е со години наназад. Не може еден мал дуќан еве златарски да плаќа индустриска струја, или кројач. Не мора намалувањето да биде на ниво на домаќинства, туку „поблага“ категоризација во интерес на малите дуќани, изјави Фазлији.

Од комората уште еднаш повикаа училиштата да соработуваат со занаетчиите од Куманово. ам/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан