• сабота, 29 јуни 2024

Регионален куп на УЕФА: Стартен пораз на македонските фудбалери 

Регионален куп на УЕФА: Стартен пораз на македонските фудбалери 
Латина, 29 септември 2022 (МИА) – Македонската аматерска фудбалска репрезентација со пораз ги почна квалификациите во Регионалниот куп на УЕФА, откако попладнево загуби од селекцијата на Баварија со 2-0 (2-0). Победникот на натпреварот беше одлучен по првото полувреме во кое германскиот тим поведе со 2-0 со головите на Винклер (13 минута) и Мајер (24). Следен противник на избраниците на селекторот Жанко Савов во рамки на квалификациската група 5 ќе биде домаќинот, аматерскиот тим на регионот Лацио, на 2 октомври, додека во последното, трето, коло македонската селекција ќе игра против аматерскиот состав од Англија, Џерси, на 5 октомври. ег /цр

Остани поврзан