• сабота, 06 јули 2024

Ребиќ потпиша договор со Милан до 2025 година

Ребиќ потпиша договор со Милан до 2025 година
Милано, 12 септември 2020 (МИА) – Досегашниот фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт, Анте Ребиќ, кој играше во Милан на позајмица, потпиша целосен договор со италијанскиот клуб. Договорот важи до летото 2025 година, објавено е на веб-страницата на „росо-нерите“. Според италијанските медиуми, зделката вреди 30 милиони евра. Минатата сезона 26-годишниот Хрват одигра 30 натпревари во Серија А и постигна 12 гола. зс/

Остани поврзан