Реал чека одговор од Арсенал за Обамејанг до 15 јуни
- Реал Мадрид постави краен рок за одлука за напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.

Лондон, 10 мај 2020 (МИА) - Реал Мадрид постави краен рок за одлука за напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.
Според британските медиуми, клубот од Мадрид сака лондончаните да донесат одлука пред 15 јуни за евентуален трансфер на 30-годишниот фудбалер од Габон. Обамејанг има уште една година од договорот со „топџиите“.
Во сезоната 2019/20, Обамејанг има 20 голови и една асистенција на 32 натпревари за Арсенал. Порталот Transfermarkt.com ја проценува цената на напаѓачот на 50,4 милиони фунти. зс/