• петок, 13 јуни 2025

Реал се согласи да му плати на Борнмут 50 милиони евра за Хојсен

Реал се согласи да му плати на Борнмут 50 милиони евра за Хојсен

 

Лондон, 15 мај 2025 (МИА) – Шпанскиот гигант Реал Мадрид постигна договор за откуп на договорот на фудбалерот на Борнмут, Дин Хојсен, со што се активира откупна клаузула од 50 милиони фунти, објави денеска Би-Би-Си.

Претходно, дваесетгодишниот шпански репрезентативец одби неколку понуди од клубови Премиер лигата со цел да се пресели во Мадрид.

Договорената сума ќе биде исплатена на три рати, а дел од трансферот им припаѓа на поранешните клубови на Хојсен – Јувентус 10 проценти), а Малага ќе добие 5 проценти од вкупната сума.

Реал Мадрид сака да го комплетира трансферот пред почетокот на Светското клупско првенство во САД следниот месец.

Хојсен, кој е роден во Холандија, порасна во Шпанија, каде што настапуваше за младинските тимови на Малага и академијата „Коста Унида“ во Марбеља. Англиските клубови – Челзи, Ливерпул, Арсенал и Њукасл – покажаа интерес за талентираниот стопер, но дефанзивецот сепак одлучи да се врати во Шпанија.

Хојсен му се приклучи на Борнмут од Јувентус минатото лето за 12,6 милиони фунти и оваа сезона запиша 34 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи три голови. ег

ФОТО: Романо/Фџејсбук

Остани поврзан