Реал му го продолжи договорот на Васкез
- Европскиот и шпански фудбалски шампион Реал Мадрид објави продолжување на договорот со 33-годишниот дефанзивец Лукас Васкез. Соработката е продолжена до 30 јуни 2025 година.

Мадрид, 18 јули 2024 (МИА) – Европскиот и шпански фудбалски шампион Реал Мадрид објави продолжување на договорот со 33-годишниот дефанзивец Лукас Васкез. Соработката е продолжена до 30 јуни 2025 година.
Васкез е во мадридскиот клупски систем од 2008 година. Вкупно, фудбалерот забележа 349 настапи за Реал во сите натпреварувања, постигнувајќи 28 гола и 51 асистенција.
Заедно со „Кралевите“, Васкез стана четирикратен шампион на Шпанија, победник на националниот куп, трикратен победник на националниот Суперкуп и петкратен победник на Лигата на шампионите. зс/
Фото: ЕПА