• среда, 04 декември 2024

Реал Мадрид ќе биде последниот клуб на Анчелоти

Реал Мадрид ќе биде последниот клуб на Анчелоти

Мадрид, 28 мај 2024 (МИА) - Карло Анчелоти во интервју за италијанскиот весник „Република“ изјави дека Реал Мадрид ќе биде последниот клуб во неговата кариера.

Шеесет и четири-годишниот стручњак во сабота ќе ги изведе „белите“ на „Вембли“ во финалето на Лигата на шампионите против германската Борусија Дортмунд. Победа би му донела на „кралскиот клуб“ рекордна 15-та титула на турнирот, а за Анчелоти тоа би била петта.

Како и да го заврши натпреварот, очекувањата се стручњакот да продолжи да го води Реал барем до крајот на сезоната 2025/26 кога му истекува договорот.

-Ќе се пензионирам како менаџер на Реал Мадрид. Мојата кариера ќе заврши во Реал, изјави Италијанецот.

Се додека ме сакаат во Реал, ќе останам овде. Би направил се за клубот, додаде тој.

Анчелоти по втор пат во кариерата го предводи шпанскиот шампион. Неговиот прв престој на „Сантијаго Бернабеу“ беше помеѓу 2013 и 2015 година. Тој се врати во Мадрид во летото 2021 година. Досега и во двата престоја Италијанецот еднаш ја освои Лигата на шампионите. дс

Фото: Архива

Остани поврзан