Реал заинтересиран за Тонали, Њукасл го проценува играчот на 80-100 милиони фунти
- Реал Мадрид е заинтересиран за двајца фудбалери за врска, Родри од Манчестер сити и Сандро Тонали од Њукасл, објави „talkSPORT“.
Лондон, 8 март 2026 (МИА) - Реал Мадрид е заинтересиран за двајца фудбалери за врска, Родри од Манчестер сити и Сандро Тонали од Њукасл, објави „talkSPORT“.
Договорот на Тонали со „Свраките“ истекува во 2028 година, но тој е силно поврзуван со можен трансфер.
Минатиот месец беше објавено дека 25-годишникот би бил среќен да се врати во својата родна Италија.
Њукасл го проценува Тонали на 80-100 милиони фунти. Претходните извештаи за интерес за Италијанецот ги вклучуваа Арсенал, Јувентус и Манчестер јунајтед.
Тонали има 29 настапи во Премиер лигата оваа сезона, постигнувајќи две асистенции. зс/
Фото: ЕПА