Реал го победи Бетис, Рамос постигна гол во својата 17. последователна сезона во Ла Лига
- Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос постигна гол од белата точка на натпреварот од 3. коло на шампионатот на Шпанија против Бетис. Неговиот тим го доби натпреварот со 3:2.

Севиља, 26 септември 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос постигна гол од белата точка на натпреварот од 3. коло на шампионатот на Шпанија против Бетис. Неговиот тим го доби натпреварот со 3:2.
Рамос постигнува гол во својата 17. последователна сезона во Ла Лига. Минатата сезона беше најпродуктивна за него - 11 гола на 35 натпревари.
Рамос исто така погоди од белата точка по 24-ти пат по ред, вклучително и на натпреварите од куп-турнирите. зс/