• сабота, 20 јули 2024

Реал без Куртоа на натпреварот од Лигата на шампионите против Шахтјор

Реал без Куртоа на натпреварот од Лигата на шампионите против Шахтјор
Мадрид, 5 октомври 2022 (МИА) - Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа не се најде во составот за домашниот натпревар од третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Шахтјор Доњецк. Во пријавата за натпреварот се вклучени тројца голмани: Андреј Лунин, Луис Лопез и Лукас Кањизарес. Ова е објавено на официјалниот сајт на клубот. На почетокот на овој месец 30-годишен белгиски голман се здоби со повреда на грбот и оди на третмани. Натпреварот помеѓу Реал и Шахтјор ќе се одигра на вечер во Мадрид со почеток во 21 часот. зс/

Остани поврзан