• петок, 05 декември 2025

Реакција потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми во врска на обвинувањата на премиерот Мицкоски

Реакција потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми во врска на обвинувањата на премиерот Мицкоски

8 октомври 2025

Ја слушнавме изјавата на премиерот Мицкоски околу корупцијата, околу луѓето што возат Мајбах, Мерцедес и така натаму. Нашиот одговор почива на реалната ситуација. Значи, богатството на 10-те најбогати луѓе, кои сите се од македонска етничка припадност, достигнува до 3.24 милијарди евра, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално.

Сите тие се сопственици на компании кои произлегле од криминалниот процес на приватизација. Ги создале овие компании откако заврши овој процес на приватизација во државата. Седум од 10-те најмоќни компании во државата се директен производ, директен продукт на криминалниот процес на приватизација.

Овие луѓе денеска контролираат повеќе од половина од економијата на државата. И сега премиерот зборува за тоа дека некој вози Мајбах, некој вози Мерцедес и дека треба да се свртиме десно или лево. Да, треба да се свртиме десно или лево. Ако се свртиме десно, ќе ги видиме олигарсите кои се креирани од ВМРО-ДПМНЕ. Ако се свртиме лево, ќе ги видиме олигарсите кои се производ на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Ако гледа напред, ќе гледа од огледалото и прозорецот на луксузната кола со која се вози во името на граѓаните. Затоа, ако зборуваме за криминал и за корупција, ајде да зборуваме за олигарсите, за процесот на приватизацијата, за тие кои немилосрдно се однесувале со државниот капитал.

И затоа, ние како Национална алијанса за интеграција бараме ветинг, особено за процесот на приватизација, каде што најголемиот криминал во државата се случил тогаш. Овие луѓе денеска располагаат со повеќе од половина од економијата на државата. Не само што ги диктираат економските текови, туку ги диктираат и политичките текови.

Тие ги имаат не само клучевите на Мајбах и на Мерцедес во своите џебови, туку тие му ги дале на господинот Мицкоски и клучевите за да владее со оваа моноетничка влада.

 

Во прилог Ви праќаме линк

https://www.swisstransfer.com/d/ca80ee95-b5b6-4c8f-9268-262804ab18e2

Остани поврзан