• сабота, 21 декември 2024

Реакција од „Вреди“ на обвинувањето на СДСМ за начинот на кој Гаши ја поминал границата со Косово одејќи на свадба

Реакција од „Вреди“ на обвинувањето на СДСМ за начинот на кој Гаши ја поминал границата со Косово одејќи на свадба

Скопје, 20 август 2024 (МИА) – Коалицијата „Вреди“ ја оцени денешната прес-конференција на СДСМ како „обид за оттргнување на вниманието од нивните внатрепартиски проблеми“.

Од опозициската партија денеска изнесоа информации добиени од свиркачи за одењето на претседателот на Собранието Африм Гаши на свадба во Косово, со тврдење дека бил „тешко злоупотребен граничниот премин Блаце“ зашто без контрола поминале и приватни возила во свадбената поворка.

-Пред да одржуваат прес-конференции чија единствена цел е обид за оттргнување на вниманието од нивните внатрепартиски проблеми, го повикуваме СДСМ да одговори зошто не реагираа на ист начин кога Зоран Заев и Венко Филипче возеа мотоцикли надвор од границите на Северна Македонија, во придружба на државно обезбедување? Дали тогаш тоа беше за нив етички и безбедносен протокол согласно законот или скандалозно однесување, како што сега тврдат? Африм Гаши со своето семејство уредно ја поминал границата и тој никогаш не поминувал ниту еден граничен премин пеш, како некои други, пишува во реакцијата на „Вреди“.

Од коалицијата додаваат и дека СДСМ манифестира лицемерство и гнев поради лошите изборни резултати.

-Жалиме што гневот за изборниот резултат СДСМ го насочува на погрешна адреса. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, не може да биде виновен што граѓаните сурово ги казнија. Изгледа таквата порака не им е доволна, штом продолжуваат да манифестираат врвно лицемерие, наведува „Вреди“ во допис до медиумите. хс/ев/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан