• среда, 25 декември 2024

Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на ставови на Венко Филипче

Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на ставови на Венко Филипче

Скопје, 24 декември 2024

 

Добро е што Венко Филипче излезе од егзил и зимскиот сон го скрати привремено. Лошо е што се стави на страна на трговците кои делуваат како воени профитери.

СДС и Венко Филипче, познати како синоними за криминал, неспособност и пљачка на државата, се последните кои имаат право да зборуваат за економија и сиромаштија! 

Филипче, кој е запаметен и како министер кој тргуваше со човечки животи и набавуваше респиратори и вакцини по сомнителни договори, денеска има образ да зборува за кошнички и стандарди?! Тоа е исто како лисицата да зборува за безбедноста на кокошарникот! 

Седум години владеење на СДС беа години на распродажба на државните интереси, зголемување на долговите, инфлација и систематска кражба. Тие се главната причина зошто граѓаните денес се соочуваат со вакви економски предизвици кои макотрпно како Влада ги надминуваме.

ВМРО-ДПМНЕ не само што реагираше веднаш за да ги заштити граѓаните од алчноста на трговците, туку и воведе механизми за контрола и казнување. За разлика од СДС, кој ги охрабруваше картелите и мафијата да печалат на маката на народот, ние преземаме акција.

Неврохирургот на Заеви треба да ја наведне главата од срам за милионите евра украдени од тендери, а не да држи лекции за морал и економија. 

Граѓаните добро знаат кој ги осиромаши – токму СДС, кој оставаше долгови, сиромаштија и безнадежност. А Венко Филипче, кој вечерва се обидува да зборува за народот, е истиот тој што се богатеше додека луѓето умираа чекајќи терапија! 

ВМРО-ДПМНЕ е истрајна во намерата да стави крај на ваквите лаги и манипулации. Граѓаните нема да дозволат оние кои ги уништија да им држат лекции за морал. СДС и Филипче нека молчат, бидејќи секој нивен збор само ја потсетува јавноста на нивниот криминал и катастрофалното владеење!
 
Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан